Во среда (25 јули), иницијативата „На точак“ организира нова Критична маса, но овој пат прашањето гласи – Каков коктел сака Скопје, односно какво превозно средство градот ќе избере да му биде главно. Оттаму нагласуваат дека сообраќајните политики во градот се нешто што самите власти ги создаваат. Транспортот во Скопје е базиран на автомобили, а причината за тоа лежи во работењето на скопските градски власти.
„Во Скопје нема посебни автобуски ленти, во Скопје нема брз јавен превоз (било тоа да е трамвај или bus rapid transit), во Скопје нема организиран автоматизиран јавен велосипедски превоз, а уште помалку да се размислува за комбинирање на различните типови транспорт“ велат од иницијативата „На точак“.
Возењето велосипеди на новата Критична маса ќе започне во 19 часот, и тоа симболично, од Транспортниот центар, поточно од првата станица на автобуската линија со број 22.