До средината на октомври годинава ќе биде завршена реконструкцијата на зелениот пазар во Куманово. Општинските власти ја избраа скопската фирма „Бонор Инженеринг“ за изведба на реконструктивниот зафат, а градежните работи на терен треба да започнат деновиве. За реализација на проектот се обезбедени 4.704.188 денари. Проектот е финансиран од европските ИПА фондови за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово.
Со претстојниот градежен зафат ќе се изврши санација на кровната конструкција од второто ниво на кумановскиот пазар, ќе се заменат подните плочки и ќе се реконструираат санитарните јазли. Тендерската постапка за овој проект беше публикувана кон средината на мај годинава. Проектот за обезбедување на одржливи пазари за земјоделски производи во прекуграничната област се реализира заедно со косовската општина Гњилане.