Претходна статија
Државата одвои над 15 милиони евра за редовна поправка на патиштата
Следна статија
Министерството за образование ќе санира седум училишта низ земјава

Со средства од ЕУ се изгради пречистителната станица за отпадни води во Радовиш

Објавено на 18.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Радовиш денеска ја доби пречистителната станица за отпадни води. Капиталниот објект вреден 6.000.000 евра беше пуштен во употреба од премиерот Зоран Заев, министрите за финансии Драган Тевдовски и за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и евроамбасадорот Самуел Жбогар. Пречистителната станица е со капацитет од 25.000 еквивалент жители и ќе го реши проблемот со отпадните води во општина Радовиш. Од вкупната инвестиција, 85% од средствата се обезбедени од ЕУ, додека останатите финансии се алоцирани од македонската влада и радовишката локална самоуправа.

 

*Извор на фотографија: Министерство за животна средина и просторно планирање

 

Со оваа инвестиција ќе се реши проблемот со загадувањето на водите на Радовишка Река, со што позитивно ќе се влијае врз заштитата на животната средина и ќе се подобри квалитетот на животот на граѓаните на Радовиш. Покрај изградбата на пречистителната станица, проектот опфати изведба на пристапен пат во должина од 1,5 километри и рехабилитација на секундарната канализациона мрежа во Радовиш во должина од 3,3 километри. Пречистителната станица за отпадни води е изградена од WTE Group.

 

*Извор на фотографија: Влада на Република Македонија