Претходна статија
Во Штип ќе се гради нова детска градинка во населбата Сењак
Следна статија
180 милиони денари годинава ќе се инвестираат во регионалните патишта во Гевгелија

Започна првата фаза од санацијата на Чифте амамот

Објавено на 16.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Со обезбедените финансиски средства од Министерството за култура, започна првата фаза од санацијата на Чифте амамот во Старата скопска чаршија. „Во оваа фаза, ќе бидат опфатени повеќе приоритетни зафати, како што се санација на покривот со изведба на олуци за одбрана од атмосферски води, изведба на дренажен канал, санација на сите оштетувања од влага во ентериерот, пренамена на простории во функционален изложбен простор и други активности“ информираат од Министерството за култура.

Реконструкцијата и санацијата на овој редок споменик на исламската архитектура кај нас е предвидено да траат два месеци, а во периодот на изведување на санацијата, објектот Чифте амам ќе биде затворен за посета. По завршувањето на првата фаза, ќе се пристапи кон реализацијата на проектот за внатрешно и надворешно осветлување на овој галериски простор.

 

За изведба на конзерваторско – реставраторските работи на овој споменик на културата се издвоени средства од околу 1,8 милиони денари. Тендерската постапка за тековниот зафат беше објавена на почетокот од април годинава.