Претходна статија
Распишан тендерот за реконструкција на „Северниот булевар“ во Кавадарци
Следна статија
Викендов завршува 27. Меѓународна летна школа по архитектура во Лазарополе

Во затворот „Идризово“ ќе се гради нова ограда

Објавено на 11.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во наредните девет месеци ќе се изгради нова периметарска ограда околу затвореното одделение на КПД „Идризово“. Управата за извршување на санкциите при Министерството за правда денеска го објави огласот за изградба на новиот ѕид во скопскиот затвор, за кој е проценето дека ќе се издвојат околу 105 милиони денари. Со претстојниот зафат ќе се изведе нова армирано бетонска периметарска ограда, периметарска жичана ограда, рехабилитација на постојната улична мрежа, поставување на ново надворешно осветлување, видео надзор, видео менаџмент софтвер, микро бранови бариери и вибро оптички огради околу затвореното одделение на затворот.

Како што се наведува во објавениот тендер на Електронскиот систем за јавни набавки, компаниите ќе имаат рок до 31 јули за да ги поднесат понудите за учество во тендерската постапка. По изборот на најповолниот понудувач ќе се пристапи кон изведба на проектот, којшто треба да се комплетира до првото полугодие од 2019 година. Во изградбата и реконструкцијата на скопскиот затвор во изминативе години беа инвестирани 712.430.846 денари, без да се вклучи актуелниот тендер за изведба на новата затворска ограда во оваа сума.