Американската компанија од автомобилска индустрија „Дура Аутомотив Системс“ (Dura Automotive Systems) ќе гради фабрика во Бунарџик. Веќе е потпишан договор за долготраен закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 2, а според најавите производтвото треба да започне во летото 2019 гоина. Се очекува вработување на околу 500 луѓе.
Фабриката ќе се простира на површина од околу 16 илјади метри квадратни. Иницијалното производство во Македонија ќе вклучува екстериерни алуминиумски лајсни и кровни носачи за европските производители на автомобили. Потенцијалното проширување би вклучило прототипско производство, дизајнирање и производство на алати и екструзија на алуминиум.
Компанијата е глобален снабдувач на оргинални компоненти за најреномираните производители на автомобили ширум светот. Ова ќе биде нивна 37-ма локација во светот и 16-та во Европа.
» Форумска дискусија за ТИРЗ Скопје – Бунарџик