Претходна статија
Нова фабрика ќе се гради во „Бунарџик“
Следна статија
Општина Центар ќе инвестира во нови фасади, покриви и лифтови во постарите згради

Градежниците бараат поголема реализација на капиталните инвестиции

Објавено на 25.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Владата да ја забрза реализацијата на капиталните инвестиции во земјава за да се намали актуелниот пад на активностите во градежниот сектор. Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија на денешната прес – конференција посочи дека најголемо информираше е забележано во секторот нискоградба, каде предвидената вредност на објектите на почетокот од годинава е намалена за 58,7% во однос на првите четири месеци од 2017 година. Градежниците очекуваат дека изградбата на патиштата Кичево – Охрид, Миладиновци – Штип и Градско – Прилеп ќе продолжи со надминување на причините поради кои се појавуваат ваквите застои.

 

 

Во делот на високоградбата, на почетокот од 2018 година е забележано намалување на предвидениот број на станови од 29,64% во однос на истиот период лани. Градежниците посочуваат дека ќе треба да се забрза започнатата ревизија на деталните урбанистички планови во некои од македонските општини. Во спротивно, ваквата одлука на општините би довела само до значителни штети и загуби за градежните компании.

 

Од Здружението на градежништво побараа од државните власти изнајдат решенија за поддршка на македонските компании кои имаат референци за да работат и извршуваат градежни работи во странство. Градежниците посочуваат на огромно намалување и кај градежните работи во странство. Само во првиот квартал од 2018 година, бил регистриран пад од 61,1% кај договорените градежни работи во странство, додека падот на извршените работи изнесува 12,6%.

 

И покрај негативните статистички показатели, стопанствениците од градежниот сектор очекуваат дека работните активности во претстојниот период ќе се придвижат во позитивна насока.