Претходна статија
Кичево доби пречистителната станица за отпадни води со средства од ЕУ
Следна статија
Граѓаните да побрзаат со постапката за легализација на дивоградбите

Во сабота архитектонска изложба и дискусија во Железничката зграда во Скопје

Објавено на 21.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

На 23 јуни (сабота) во кино салата на Железничката зграда ќе се одржи презентација на досегашната работа реализирана во рамки на проектот „Културни простори за активни граѓани“, која е поврзана со актуелизацијата на значењето што го има ова значајно архитектонско здание од центарот на Скопје. На претстојниот настан ќе бидат изложени предложените проекти од млади архитекти за нов внатрешен просторен концепт на постоечкото кино во Железничката зграда, ќе се доделат сертификати на сите учесници на конкурсот и оформеното жири (Дејан Ивановски, Слободанка Стевческа и Максим Наумовски) ќе ги додели наградите за трите најдобри решенија.

 

Саботниот настан ќе вклучи презентација на видеа и фотографии од активности реализирани во рамки на проектот „Културни простори за активни граѓани“. Во рамки на настанот ќе се одржи и дискусијата „План на употреба на Железничката зграда“, на која ќе учествуваат Саша Богдановиќ, градоначалник на општина Центар, Филип Јовановски, претседател на ФРУ и тројцата членови на комисијата што одлучува за доставените идејни решенија. Модератор на дискусијата е Милан Живковиќ, координатор на програмата на Фондација Фридрих Еберт во Македонија.