Општина Гевгелија објави оглас за продажба на 10 градежни парцели за изградба на објекти за индивидуално домување и за лесната индустрија. Четири градежни парцели за индивидуално домување се наоѓаат крај Моински пат, две во населбата Караорман, a две на Мрзенски рид кај Гевгелија и се наменети за резиденцијални станбени објекти. Големината на овие парцели е од 288 до 1.517 метри квадратни. Една локација од понуденото земјиште во Гевгелија е со намена за лесна и незагадувачка индустрија.
Почетната цена на огласеното градежно земјиште за продажба е 61 денари за метар квадратен. Заинтересираните субјекти треба да ги достават своите пријави за учество на електронското јавно наддавање најдоцна до 4 јули. Пријавите за продажба на локацијата за изградба на индустриски објект треба да се достават до 16 јули.