Претходна статија
Крива Паланка ја комплетира документацијата за гасификација на градот
Следна статија
Западниот булевар во Кавадарци ќе се реконструира и прошири

Град Скопје: Исцрпени годинешните средства за субвенции за велосипеди

Објавено на 06.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Големиот интерес на граѓаните доведе до предвремено исцрпување на годинешните средства наменети за субвенции за велосипеди во главниот град. Градот Скопје денес информираше дека до денешниот ден се пристигнати 3.131 барање, за коишто се предвидени 9 милиони денари од градскиот буџет за 2018 година. Од утре нема да се примаат нови барања. Со јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за купување велосипеди се субвенционираат 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

 

 

Од Град Скопје соопштија дека продолжува повикот за доставување барање за субвенции за адаптирани велосипеди за лица со телесна инвалидност. Овој повик ќе биде отворен до исцрпување на средствата од еден милион денари, односно до 31 август. И во овој случај важи принципот „прв дојден, прв услужен“. Градските власти ќе субвенционираат 50% од вредноста на овие велосипеди, но не повеќе од 90.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.