Претходна статија
Пораснале трошоците за изградба на нови домови за индивидуално домување
Следна статија
Град Скопје допрва ќе изработува проект за новиот булевар меѓу Скопски саем и хотел „Русија“

Зградата на Албанскиот театар дури во октомври ќе биде пуштена во употреба

Објавено на 31.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Нема крај на доцнењето на реконструкцијата на објектот на Албанскиот театар во Скопје. Иако требаше да биде готов до крајот на мај, изведувачот „Шенција“ од Италија ќе добие дополнителен период од пет месеци за да ја доврши санацијата и адаптацијата на ова театарско здание лоцирано во Старата скопска чаршија. Како што јавува телевизија „Алсат М“, причината за најновото одложување е примената на посовремени технолошки иновации во делот на сценската технологија во театарот. Финансиските средства за довршување на овој проект ги обезбеди Министерството за култура од годинешниов буџет.

 

*Од почетокот на реконструктивниот зафат; Фото: Архива на „Билд“.

 

Реконструкцијата на Албанскиот театар досега го чинеше државниот буџет над 565 милиони денари, односно над 9,1 милиони евра. Ваквата сума е за над 1,1 милиони евра повеќе од првично предвидената финансиска конструкција за изградбата на овој објект. Покрај тоа што руши рекорди во надминувањето на финансиските издатоци, проблемот кај овој објект е и фактот што првичниот рок за негово пуштање во употреба ќе биде надминат за повеќе од три години. Иако од владата беше ветено дека санацијата на објектот ќе се заврши до септември 2015 година, актерите од Албанскиот театар и денес се приморани да ги изведуваат нивните претстави во објектите на Театарот Комедија и Детскиот театар.

 

Албанскиот театар со тековната реконструкција треба да добие две модерни театарски сали, но и најсовремена опрема за одигрување претстави. Со зафатот се интервенира во архитектурата, ентериерот, акустиката, сценската технологија, аудио и видео системите, термотехничките, електричните и хидротехничките инсталации.