Претходна статија
Распишан тендер за реконструкција на водоснабдителниот систем во Куманово
Следна статија
Отворен Спомен - музејот на Француските воени гробишта во Скопје

Од ноември ќе започне проширување на преостанатите делници од патот Штип – Радовиш

Објавено на 30.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

За три години ќе биде во целост модернизиран експресниот пат Штип – Радовиш. Заедно со почетокот на градежните работи за новата траса со должина од 23 километри, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска ја објави меѓународната покана за претквалификација за реконструкција и надградба на останатиот дел од трасата меѓу Штип и Радовиш. Станува збор за проширување на постојната делница меѓу клучките Три чешми и Штип југ во должина од 8,7 километри, како и трасата меѓу клучките Бучим и Радовиш со должина од 8,6 километри.

 

 

На овој дел од трасата ќе се прошират постојните коловозни ленти и ќе се нанесе нов слој асфалт, со што овие делници ќе прераснат во експресен пат со две коловозни ленти со ширина од по 3,5 метри и две ленти за застанување од по 2 метри. Понудите од заинтересираните градежни компании треба да се достават до 10 јули. Од ЕБОР очекуваат дека постапката за избор на најповолен изведувач би завршила до 30 ноември, по што ќе следува рокот од 2 години за изведба на градежните работи.

 

Целосната изведба на новиот експресен пат Штип – Радовиш ќе овозможи регионално поврзување на Скопје со југоистокот на земјава, но и брзо и ефикасно прекугранично поврзување со Република Бугарија.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk