Општина Куманово денеска објави оглас за избор на изведувач за реконструкцијата на зелениот пазар во Куманово. Со зафатот ќе се изврши санација на второто ниво на пазарот во делот на кровната конструкција, замена на подните плочки и реконструкција на санитарните јазли. Проектот се финансира од европските ИПА фондови за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово. Идниот договор ќе биде со времетраење од 12 месеци. За санационите работи на зелениот пазар во Куманово е проценето дека ќе се издвојат околу 6,5 милиони денари.
Заинтересираните фирми имаат рок до 5 јуни за да ги поднесат понудите за учество во тендерската постапка. Почетокот на градежните работи ќе се означи по изборот на најповолен понудувач. Проектот за обезбедување на одржливи пазари за земјоделски производи во прекуграничната област се реализира заедно со косовската општина Гњилане.