Претходна статија
Распишан тендер за реконструкција на зелениот пазар во Куманово
Следна статија
Цените на становите во Скопје со забрзан раст на почетокот од 2018 година

Ќе се реставрира Спомен костурницата на борците од НОБ во Куманово

Објавено на 16.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски денеска ја најавија реконструкцијата на Спомен костурницата на борците од НОБ во Куманово. „Подготвени сме проектот да го реализираме доколку биде готов, со зголемени средства од ребалансот, веќе во втората половина на 2018-та година, но во секој случај, ќе го реализираме во 2019“ изјави министерот Алаѓозовски. Тој дополни дека Националниот конзерваторски центар веќе изготвил проект за конзервација и реставрација на елементите од овој комплекс.

 

*Извор на фотографија: Општина Куманово

 

Спомен костурницата во Куманово се наоѓа во лоша состојба, со оштетувања на релјефите, конструкцијата, криптата, мозаичните плочки, скалите на централното плато, а во лоша состојба се и придружните објекти. Комплексот е составен од обелиск и костурници, во кои се чуваат посмртните останки на загинатите борци во НОБ од градот Куманово и Кумановско.