Претходна статија
Оптимизам за „G Mall“
Следна статија
Втор обид за нова автобуска станица во Прилеп

На продажба ќе одат 23 државни локации

Објавено на 02.11.2009 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Хотел покрај ВардарМинистерството за транспорт и врски планира до крајот на декември да понуди на продажба 23 локации државно градежно земјиште. На листата доминираат локации за катни гаражи во Скопје, и хотели во Скопје и Охрид. Се нудат и локации за спортско-рекреативни центри, едната покрај Вардар во близина на американската амбасада, а другата е за голф терени близу Петровец, со површина од 90 хектари. Покрај ова ќе се продава и локација за деловен објект спроти соборниот храм „Св. Климент Охридски“. На листата фигурира и земјиштето предвидено за изградба на „облакодери “ во општина Аеродром. Продажбата ќе се одвива преку јавна лицитација. Некои од локациите веќе беа нудени, но безуспешно.