Претходна статија
Се работи на проект за реконструкција на улицата кон гробиштата „Бутел“
Следна статија
Нови 12,8 милиони денари ќе чини пробивањето на булевар „Србија“ кон Кисела Вода

Нема да се изведува „барок“ на деловниот објект на ЕЛЕМ и ЕВН

Објавено на 02.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Зградата на Електростопанството на Македонија нема да добие „барокна“ фасада“. По само неколку месеци од првичната најава, од Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) во изјава за порталот „САКАМ ДА КАЖАМ“ повторија дека објектот на белградскиот архитект Бранко Петричиќ нема да се преслекува во „барок“. Покрај потврдата од ЕЛЕМ, сега и од ЕВН велат дека постои можност за менување на веќе избраниот дизајн во склад со контроверзниот проект „Скопје 2014“. Новото уредување на фасадата треба допрва да се изведува, додека надградбата со конструкцијата на идната фасада и преслекувањето на досегашниот препознатлив изглед веќе се завршени.

 

 

Деловниот објект во којшто се сместени ЕВН и ЕЛЕМ е изграден во 1962 година врз основа на авторскиот труд изготвен од архитектот Бранко Петричиќ од Белград. Тој е еден од основоположниците на урбанистичко – планската документација за Нов Белград, автор на зданието Дом на синдикати во строгиот центар на Белград и еден од српските ученици на светскиот авторитет на Модерната – Ле Корбизје. Модернистичкиот дизајн на зградата на Електростопанството во Скопје воедно претставува и прва стаклена фасада изведена на тлото на нашата земја.