Претходна статија
Продолжен рокот за преиспитување на ДУП-овите во општина Центар
Следна статија
Скопските средни училишта „Цветан Димов“ и „Марија Кири Склодовска“ со нови енергетски ефикасни фасади

Штип работи на проект за изградба на трибини на градскиот стадион

Објавено на 28.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Фудбалскиот стадион во Штип во иднина би имал трибини со максимален капацитет од 5.000 гледачи. Заедно со новите трибини, спортскиот објект со површина од 11.650 метри квадратни би добил и подтрибински дел со соблекувални, со што во целост ќе се модернизира градскиот стадион во Штип. Општинските власти започнаа со реализација на планираниот зафат, објавувајќи оглас за изработка на идеен и основен проект за реконструкција со доградба на трибинскиот дел на штипскиот стадион. Изготвувањето на проектната документација се проценува дека ќе чини над 1.000.000 денари.

 

Општина Штип ги очекува понудите од заинтересираните проектантски бироа најдоцна до 7 мај. Основниот критериум за избор на најповолен понудувач е понудената најниска цена на распишаниот тендер. Изработката на идејниот и основниот проект за планираниот градежен зафат ќе следува веднаш по изборот на проектантско биро. Изградбата на новиот трибински дел на стадионот во Штип следува по минатогодишната санација на еден сегмент од објектот. Во рамките на хет-трик програмата на ФФМ и УЕФА, со санациониот зафат се постави нов дренажен систем и осум рефлектори за одигрување на ноќни натпревари.