Претходна статија
Распишани два тендера за обнова на скопските средни училишта
Следна статија
Граѓаните бараат да се врати пораката на Тито за постземјотресната обнова на Скопје

Поништен тендерот за довршување на класицистичката палата на ЕЛЕМ

Објавено на 18.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

ЕЛЕМ ја поништи тендерската постапка за довршување на изградбата на административната зграда лоцирана на местото на некогашниот парк спроти хотелот „Бристол“. „Договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на Законот за јавните набавки согласно со членот 210 од Законот“ се наведува во образложението . Со поништениот тендер требаше да се изврши монтажа на инсталации од податочниот центар и да се изведат слабострујни и јакострујни инсталации.

 

 

Во класицистичката палата од проектот „Скопје 2014“ веќе се инвестираа над 17,4 милиони евра во објект со површина од 9.130 метри квадратни. Автори на идејното решение за административната зграда на ЕЛЕМ се Лазар Димов, Жарко Чаушевски и Стефан Смилевски. Последниот тендер за довршување на објектот беше објавен на почетокот од февруари годинава.