Претходна статија
Граѓаните бараат да се врати пораката на Тито за постземјотресната обнова на Скопје
Следна статија
Градежниците со поделени мислења за деловните тенденции во секторот

Во Кочани се огласени за продажба 12 градежни парцели за разни намени

Објавено на 18.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Општина Кочани продава државно неизградено земјиште на неколку локации на нејзината територија. Шест парцели за изведба на објекти за индивидуално домување во градот им се нудат на потенцијалните инвеститори по цена од 61 денари за метар квадратен. На заинтересираните субјекти им се нудат и три локации за изградба на викенд куќи во СРЦ „Пониква“, по почетна цена на земјиштето од 61 денари за метар квадратен. За изградбата на објекти од лесната индустрија и малото стопанство на инвеститорите им стојат на располагање две парцели од 1.471 и 1.150 денари за метар квадратен, кои се продаваат по цена од 61 денари за метар квадратен.

 

 

Локалната самоуправа има огласено за продажба и градежно земјиште од 9.847 метри квадратни, наменето за изградба на стопански комплекс за откуп на примарна и финална обработка за земјоделски производи. Локациите за градење на индустриски објекти се продаваат по цена од 61 денари за метар квадратен. Рокот за доставување на пријавите за учество во електронското јавно наддавање е ограничен до 8 мај за парцелите наменети за индивидуално домување, односно до 28 мај за сите останатите локации за градење. Електронската аукција на огласеното земјиште ќе се одржи на 10 и на 30 мај.