Претходна статија
Архитектонски конкурс за реконструкција на плоштадот „Чинар“ во Охрид
Следна статија
Ќе се изготвуваат проекти за нов булевар „Хрватска“ и продолжување на „Љубљанска“ кон Злокуќани

Град Скопје ќе гради и реконструира две нови велосипедски рути

Објавено на 27.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Проектот „Скопје Велоград“ продолжува со изградба и реконструкција на две нови велосипедски рути во македонската метропола. Град Скопје денеска објави тендер за избор на градежна фирма што ќе ја изведува третата велосипедска рута, која што ја опфаќа трасата долж булеварот „Борис Трајковски“ и улицата „11 Октомври“, на потегот од фабриката „Стаклара“ во општина Кисела Вода до крстосницата со булевар „Кочо Рацин“ во општина Центар.

 

*Велосипедската патека на булевар „Борис Трајковски“ ќе се обнови сѐ до центарот на Скопје

 

Воедно, со овој тендер ќе се гради и реконструира поголем дел од четвртата велосипедска рута, која што ја вклучува трасата долж булеварот „Крсте Петков Мисирков“ и улицата „Бутелска“ во општините Чаир и Бутел. Станува збор за потегот од крстосницата со булевар „Кузман Јосифовски Питу“ до клучката Бит – пазар на булеварот „К.П. Мисирков“ и трасата од крстосницата со булевар „Босна и Херцеговина“ до крстосницата со улица „Душко Поповиќ“. Од градскиот буџет за овој градежен зафат е предвидено да се издвојат околу 27 милиони денари.

 

Од градежните фирми се очекува да ги достават нивните понуди до Град Скопје најдоцна до 16 април. Главен критериум за избор на најповолен изведувач е понудената најниска цена. Планираната изградба и реконструкција на дел од двете велосипедски рути во Скопје е зацртано да се заврши во текот на претстојната градежна сезона.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk