Претходна статија
Волонтери работеа на реконструкција на зградата на Здружението на пензионери во Кавадарци
Следна статија
Низ Македонија ќе транзитира природен гас до земјите од Западен Балкан

Наскоро трет пакет за субвенционирање на нови авиолинии

Објавено на 20.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Македонската влада планира да продолжи со субвенционирањето на евтините авионски линии од двата аеродрома. Наскоро ќе биде објавен повикот за доделување на финансиски средства на нискобуџетните авиокомпании за одржување на евтини летови. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески посочи дека со претстојниот повик ќе се овозможи избор на понудувач што би ги давал услугите за организирање на евтините летови. На повикот се очекува да се достават понуди од нискобуџетните компании, вклучувајќи го и „Визер“. Покрај меѓународниот аеродром во Скопје, во претстојните три години е замислено да се субвенционираат повеќе летови и од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

 

 

Актуелниот договор со „Визер“ за субвенционирање на евтините авиолинии истекува во јуни 2018 година. Претходната влада склучи два вакви договора со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник во 2012 и во 2015 година. Од државниот буџет за субвенционирање на евтините летови во изминативе шест години биле издвоени осум милиони евра.