Претходна статија
Цементарница „Усје“ со намалена добивка во текот на минатата година
Следна статија
Ќе се изготви физибилити студија и идеен проект за скопскиот булевар „Никола Карев“

Со јапонска помош ќе се реконструираат училишта и болници низ земјава

Објавено на 12.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Јапонија додели девет грантови во вредност од 428.066 евра за реконструкција и опремување на училишни објекти и болници низ земјава. Со јапонската помош ќе се инсталира нов систем за греење и нови прозорци во основното училиште „Браќа Миладиновци“ од Куманово во вредност од 44.779 евра. Во прилепското училиште „Добре Јованоски“ со обезбедените средства од 49.456 евра ќе се замени дограмата во училиштето, ќе се реновираат тоалетите и ќе се изведе нова училишна просторија.

 

 

Во О.У. „Св. Климент Охридски“ од Битола со јапонските средства во висина од 52.348 евра ќе се променат прозорците и вратите во училишниот објект. Во училиштето „Исмаил Ќемали“ во селото Црнилиште ќе се реконструира кровната конструкција и ќе се инсталира нов систем за греење. Во делот на здравствените установи, со јапонска помош ќе се реновира Клиниката за дигестивна хирургија. Во здравствениот објект ќе се реконструираат два ката, при што ќе се заменат прозорците и вратите, ќе се изведе нов таван и ќе се молерисаат ѕидовите.

 

Со финансиските средства од Јапонија е предвидена набавка на медицинска опрема и возила за Клиниката за гинекологија и акушерство од Скопје, здравствениот дом „Гоце Делчев“ од Општина Делчево, Клиничката болница од Штип и Институтот за респираторни болести кај децата – Козле од Скопје.