Претходна статија
Во јануари за половина се намалил бројот на предвидени станови за градење
Следна статија
Во Струга ќе се реконструира и адаптира шеталиштето „Корзо“

„Струмица – гас“ годинава ќе гради нови 14 километри гасоводна мрежа

Објавено на 09.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Општина Струмица и Ј.П. „Струмица – гас“ и во 2018 година ќе го продолжат проектот за гасификација, со којшто досега во Струмица се изгради дистрибутивна гасоводна мрежа од 35 километри. За годинава е предвидено да се проширува секундарната дистрибутивна мрежа со вкупна должина од максимум 14 километри. Инфраструктурните зафати ќе се одвиваат постепено во согласност со изготвениот план на јавното претпријатие, при што со најповолниот понудувач ќе биде склучен договор во времетраење од 12 месеци. Во моментов во Струмица се изведува гасификацијата на горните делови на градот, вклучувајќи го и старото градско јадро.

 

 

За изградба на секундарната дистрибутивна мрежа во Струмица за годинава е проценето дека ќе се одвојат околу 44 милиони денари. Заинтересираните компании за учество во тендерската постапка имаат рок до 29 март за да ги достават своите понуди до општина Струмица.