Претходна статија
Општина Карпош бара времено запирање на два ДУП-а на нејзина територија
Следна статија
Автопатот меѓу Ниш и Скопје ќе биде завршен годинава

Нов рок за поднесување на барања за легализација на дивоградбите

Објавено на 02.01.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Граѓаните кои не успеале да ја завршат постапката за легализација на своите дивоградби, од 1 јануари имаат нов рок за поднесување на барање за легализација на нивните бесправно изградени објекти. Оваа мерка се однесува на сите оние граѓани што не успеале да поднесат барање, а чии објекти се изградени заклучно со 3 март 2011 година. Тие ќе имаат рок да ги поднесат своите барања најдоцна до 31 декември. Воедно, постапката ќе мора да се повтори и за оние дивоградби, каде што документацијата не била комплетирана во изминативе години.

 

 

Најдоцна до 30 јуни 2018 година ќе треба да се поднесе ново барање за легализација на објектите, заедно со комплетната документација. Ова се однесува на оние граѓани што не ја завршиле целокупната постапка, особено поради неизработениот геодетски елаборат за бесправно изградените објекти. Барањата за легализација се поднесуваат до локалните самоуправи, заедно со платена сметка за струја или вода. Процедурата предвидува и доставување на геодетски елаборат.

 

Македонското собрание ги усвои измените и дополнувањата на Законот за постапување со бесправно изградени објекти кон крајот на минатиот месец. Ваквите измени следуваат откако владата минатото лето заклучи дека процентот на легализирани објекти е реализиран на скромни 50% од поднесените барања од граѓаните. Воедно, дел од граѓаните пред една година останаа без можност за да ја завршат постапката, бидејќи геодетските фирми не успеаја да ги изработат сите елаборати одеднаш кон крајот на 2016 година.