Претходна статија
Изложба на фотографии и документација од Урбани уметнички акции во Скопје
Следна статија
Аерозагадувањето ја чини Македонија најмалку 325 милиони евра

„БИМ Инвест Инженеринг“ сака да го преземе штипски „Бетон“

Објавено на 21.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

„Бетон“ од Штип наскоро би можел да се соочи со нова промена на сопственичката структура. „БИМ Инвест Инженеринг“ доставила понуда за преземање на оваа градежна фирма, нудејќи по 1.600 денари за една акција. Целосната понуда за преземање на компанијата ќе биде објавена по добивањето дозвола од Комисијата за хартии од вредност, се наведува во соопштението на штипски „Бетон“.

 

 

„БИМ Инвест Инженеринг“ на почетокот на април годинава веќе купи 9.749 обични акции на „Бетон“ од Штип, со што се стекна со 23,32% од основната главнина на ова друштво. Во 2012 година, мнозинството акции на штипското градежно претпријатие беа купени од три субјекти – друштвото за градежништво „Тим“, штипската винарска визба „Езимит“ и „Орка Холдинг“. „Езимит“ ги продаде своите акции во штипски „Бетон“ на „БИМ Инвест Инженеринг“ во текот на изминатава пролет.