Претходна статија
Комората на овластени архитекти и инженери одбележа 10 - годишен јубилеј
Следна статија
Изложба на наградените дела по Конкурсот за „Мала станица“

Изложба на архитект Мишко Ралев на 20 декември во „Мала станица“

Објавено на 18.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Објектот „Мала станица“ ќе биде домаќин на изложбата насловена „Комуникација: архитектура и дизајн“ на македонскиот архитект Мишко Ралев. Изложбата ќе биде отворена на 20 декември, со почеток од 20 часот. Изложбената поставка ќе биде составена од скици, цртежи, проекти, дизајни и реализации на одредени дела од 30 – годишното творештво на авторот. „Со оваа изложба архитект Ралев има за цел да ја популаризира својата и професијата на своите колеги архитекти и дизајнери, во насока на потрага по вистинските вредности на ваквиот вид творештво кое е потиснато на маргините на нашиот општествен и културен живот“ се вели во поканата за претстојниот настан.

 

 

Архитект Мишко Ралев дипломира на Архитектонскиот факултет во Скопје кај професорот Петар Муличковски. Во 1987 година е избран за помлад асистент на Институтот за проектирање на Архитектонскиот факултет во Скопје, на кој подоцна ќе биде избран и за доцент. Од 1995 до 2005 година учествува во наставата и на Шумарскиот факултет во Скопје, на насоката проектирање на мебел и ентериер. Заедно со архитект Викторија Еремеева, во 1995 година го формираат проектантското биро „Такт инженеринг“. Во рамки на својата кариера остварил професионален престој во Лондон, Кипар и Зимбабве. Денес, Мишко Ралев е професор на Факултетот за архитектура и дизајн на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, и воедно ја извршува функцијата декан на факултетот.