Претходна статија
Државата ќе ја поддржи енергетската ефикасност со нов фонд и локални центри
Следна статија
Нови 12,7 милиони денари за довршување на објектот на ФДУ

Ќе се конзервира црквата Свети Никола во мариовското село Манастир

Објавено на 12.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

НУ Завод и музеј – Прилеп денеска распиша оглас за пронаоѓање на фирма што ќе ја изведе конзервацијата и препокривањето на црквата Свети Никола во мариовското село Манастир. За претстојниот зафат се издвоени околу 2,6 милиони денари од државниот буџет. Изведувачот ќе има рок од три месеци за да ги реализира планираните активности врз црквата. Главен критериум за доделување на тендерската постапка е понудената најниска цена од изведувачите.

 

*Извор на фотографија: Министерство за култура

 

Црквата Свети Никола во Мариово е еден од најзначајните споменици на културата од византискиот период во нашата земја. Изградбата на верскиот објект започнала во 1095 година. Фрескоживописот потекнува од 1271 година, при што овој вид на сликарство е исклучително редок и присутен е единствено во црквата „Света Софија“ во Охрид и црквата во Курбиново. Последните археолошки истражувања околу црковниот објект во село Манастир се реализирани во 2013 година. Во изминативе две години се изведуваше конзервација и реставрација на фрескоживописот во оваа црква.