На продажба одат девет државни парцели наменети за колективно домување, лоцирани во штипската населба „Сењак 4“. Големината на парцелите се движи од 765 до 1.885 метри квадратни, а вкупната површина изнесува 11.777 метри квадратни. Реонот е опфатен со урбанистички план донесен уште во далечната 1982 година. Продажбата ќе се одвива по пат на јавно наддавање кое е закажано на 30.12.2010, а пријави може да се доставуваат најдоцна до 23.12.2010. Почетната цена е утврдена на 1.400 денари за метар квадратен. Заинтересираните треба да уплатат стандарден депозит во висина од 10% од износот на почетната цена.