Претходна статија
Општина Неготино планира реставрација на Саат кулата
Следна статија
Државата во иднина ќе гради поголем број социјални станови

Ќе се врати изворниот лик на зградата на „Пелагонија“ во центарот на Скопје

Објавено на 28.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов во изјава за порталот САКАМ ДА КАЖАМ.МК најави враќање на изворниот изглед на зградата на „Пелагонија“ во строгиот центар на Скопје. Тој вели дека нема да го потпише договорот за довршување на „барокната“ фасада за овој објект, за кој беше распишан тендер во текот на септември годинава. Градоначалникот Шилегов укажува дека изведбата на стариот лик на овој објект ќе чини помалку од довршувањето на „барокизацијата“ на неговата фасада, за која претходното раководство на Град Скопје предвидело да се потрошат 1,3 милиони евра.

 

 

Градот Скопје во текот на минатиот месец ја сопре изведбата на сите „барокни“ фасади на објектите во централното градско подрачје. Првиот чекор на новото градско раководство е интервенција на зградата на „Пелагонија“, поаѓајќи од фактот дека за овој објект веќе беа обезбедени финансиски средства од градскиот буџет за 2017 година, но и поради фактот што недовршениот објект се наоѓа во строгиот центар на Скопје и го попречува слободното движење на граѓаните на пешачкиот коридор.

 

„Барокизацијата“ на објектот на „Пелагонија“ започна во пролетта 2015 година. Во изминативе две и пол години се изведе бетонската конструкција за новата фасада и се поставија нови прозорци, но не беше завршено фасадното обликување на објектот.