Претходна статија
Од утре почнува забраната за движење возила на Водно за викенд
Следна статија
Се бара архитектонско-урбанистички проект за нова градинка во Куманово

Со автобус патувале 15 пати повеќе патници од воз, со камиони се превезуваат 50 пати повеќе стока од воз

Објавено на 24.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Веќе неколку години по ред, Македонски железници бележи негативни рекорди во своето работење. Според податоците од Државниот завод за статистика, во третиот квартал од годинава со возовите биле превезени 126.000 патници, што претставува намалување од 23,6% во однос на идентичниот период лани. Возот како превозно средство во изминативе девет месеци го користеле 358.000 патници, што претставува апсолутен негативен рекорд во историјата на патничкиот железнички сообраќај во земјава. Наспроти ова, со автобуси во патничкиот превоз патувале 5.889.000 патници во текот на оваа година.

 

*Железничката станица во Скопје е празна, граѓаните ги користат своите автомобили или автобус за патување

 

Малата заинтересираност за патување со воз во Македонија е придружена со статус – кво состојба кај товарниот железнички сообраќај. Во третото тримесечје од 2017 година, во споредба со идентичниот период лани, во железничкиот превоз е зголемено количеството на превезена стока за 1,4%. Сепак, во однос на второто тримесечје од 2017 година, количеството на превезена стока со железница е намалено за 21,1%. Во првите девет месеци од годинава со товарните возови се транспортирани 1.126.000 тони стока. Наспроти нив, во товарниот патен превоз е регистрирано количество на превезена стока од 51.621.000 тони.

 

Од Државниот завод за статистика посочуваат дека во третото тримесечје од 2017 година во патничкиот патнички превоз биле регистрирани 2.077.000 патници, што е за 11,8% повеќе во однос на идентичниот период лани. Бројот на превезени патници во градско – приградскиот превоз е намален за 5,5%. Од двата македонски аеродрома во периодот јули – септември 2017 година е регистрирано зголемување на бројката на патници за 19,5% во однос на истиот период од минатата година. Во првите девет месеци од 2017 година со авион патувале 1.538.891 патници.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk