Претходна статија
Само 2% од граѓаните на Скопје целосно го селектираат отпадот
Следна статија
Шпански „Рубау“ бара дополнителен рок за првата фаза од експресниот пат Градско - Прилеп

Куманово ќе добие нови постојки за јавниот превоз

Објавено на 21.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Започна поставувањето на нови автобуски постојки во Куманово. Трите приватни автотранспортни претпријатија „Штуз“, „Јоцо-турс“ и „Оли травел“ во наредните две години ќе постават 55 нови автобуски постојки на 15 улици низ вториот по големина град во земјава. Трите фирми од Општина Куманово се избрани за да го вршат јавниот превоз за периодот од 2017 до 2021 година, со што ќе мора да инвестираат во нови настрешници и клупи за секоја постојка. Заедно со урбаната опрема, должност на превозниците ќе биде да обезбедат јавно обележан ред на возење.

 

 

Општина Куманово пред неколку месеци предупреди дека ќе преземе законски мерки против превозниците доколку не се санираат автобуските стојалишта. Јавниот превоз во овој град го вршат приватни превозници, кои се задолжени и за поставување и одржување на автобуските постојки. Автобускиот превоз со градски и приградски линии во Куманово беше воведен во септември 2011 година. Од тогаш до денес, бројот на патници се зголемуваше и проектот придонесе кумановскиот јавен превоз, заедно со оние во Скопје и во Битола, да се вброи меѓу трите најзначајни на ниво на целата земја.