Претходна статија
За 3,7% се намалил бројот на превезени патници во патниот превоз
Следна статија
Од наредниот викенд на Водно само пешки и со автобус

Модернизирани две трансфостаници во Пелагонискиот регион

Објавено на 17.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

МЕПСО пред почетокот на грејната сезона модернизираше две трансформаторски станици во Пелагонискиот регион и со тоа ја зголеми сигурноста во снабдувањето со електрична енергија во југозападниот регион на земјава. Во целост е модернизирана трансформаторската станица „Сопотница“ (во близина на Демир Хисар), а извршена е и модернизација во трансформаторската станица „Битола 1“ во делот на поврзувањето со „Сопотница“.

 

 

„Во ‘Сопотница’ извршена е промена на високонапонска опрема што беше во функција триесет години. Таму е извршена замена на: прекинувачи, мерни трансформатори и одводници на пренапон. Во модернизација на опрема на 110 киловолтно напонско ниво во двете трансформаторски станици МЕПСО вложи 220.000 евра“ информираат од државната енергетска компанија.

 

Во рамките на активностите за подобрување на снабдувањето со електрична енергија на југозападниот регион МЕПСО во октомври ја модернизираше високонапонската опрема во трансформаторската станица „Струга“. При тоа, беа заменети прекинувачи и мерни трансформатори. Од МЕПСО информираат дека модернизацијата на трансформаторските станици од преносната мрежа ќе продолжи и во 2018 година.