Претходна статија
Косово до крајот на 2018 година ќе го заврши автопатот Приштина - Блаце
Следна статија
Најавени мерки за ублажување на загадувањето во Скопје

За еден месец ќе почне изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш

Објавено на 08.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешната прес – конференција информираше дека за еден месец ќе започне изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш, по сосема нова траса од постоечкиот магистрале. Договорот за изведба на делницата долга 23,5 километри, на потегот од селото Софилари до клучката Бучим, е веќе потпишан, а рокот за нејзино завршување е три години. Финансиската конструкција на проектот изнесува 28 милиони евра обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој.

 


* Постоечкиот магистрален пат Штип – Радовиш

 

„Изградбата на овој патен правец е од огромно значење за жителите од регионот. Земајќи во предвид дека сообраќајот на стариот регионален правец се одвива во отежнати услови од аспект на безбедноста, се јави потреба за изградба на нов пат кој ќе го зголеми квалитетот на сообраќајот во овој дел на Република Македонија“ изјави министерот Сугарески. Јавното претпријатие за државни патишта ќе изврши и санација на постојниот патен правец додека трае изградбата на новиот експресен пат.

 

 

Проектната документација за експресниот пат Штип – Радовиш ја изработи кумановската фирма „Простор“. На овој патен правец во иднина ќе има две ленти со широчина од 3,5 метри и две ленти за застанување од 2 метри. Предвидено е поставување на заштитна ограда, вертикална и хоризонтална сигнализација во согласност со потребните критериуми за експресен пат. Максималната брзина на движење на возилата ќе изнесува 110 километри на час.