Претходна статија
25,1 милиони денари за довршување на водоснабдителниот систем во Липково
Следна статија
Во новата населба Хиподром 2 ќе се гради водовод и канализација

Втор повик за изработка на проектни решенија за санација на македонските чаршии

Објавено на 20.10.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за економија денеска го објави вториот по ред повик за изготвување на проектни решенија за конзервација, санација и адаптација на Старата Скопска чаршија, како и чаршиите во Битола, Струга и Охрид. Од проектантите се бара изработка на документација што ќе претходи на планираниот санационен зафат на дуќаните во овие чаршии. Во јавниот оглас се наведува дека е потребно да се изработат решенија за идниот изглед на излозите, натписите, натстрешниците, ќепенците и евентуалното зеленило на дуќаните.

 

 

Од државниот буџет е проценето дека ќе се издвојат речиси пет милиони денари за неопходната документација. Заинтересираните субјекти ќе имаат рок до 9 ноември за да ги достават своите понуди до надлежното министерство. Предметот на договорот е неделив, така што проектантите ќе треба да ги изготват решенијата за сите четири чаршии. Најповолниот понудувач ќе има рок од 60 дена за да ја испорача предвидената документација.

 

Проектот за санација, конзервација и адаптација на македонските чаршии има за цел да го врати изворниот лик на старите јадра во градовите. Првичниот тендер за изработка на проектните решенија беше распишан во август годинава, но истиот заврши неуспешно. Од Министерството за економија пред една недела излегоа со информација дека тендерот бил поништен поради различниот пристап во техничките и финансиските понуди.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk