Претходна статија
Избрано е идејно решение за управна зграда на ЈП Водовод и канализација Скопје
Следна статија
Главната награда на АСК 2010 отиде во рацете на ДСЦ Дизајн

Британци и Унгарци ќе избираат концесионер за трамвајот во Скопје

Објавено на 22.11.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Град Скопје ја заврши постапката за ангажирање на консултант за избор на концесионер за изградба и користење на лесен шински  превоз на својата територија. Од седумте пристигнати понуди за најповолна беше избрана заедничка понуда на англиската компанија „ЕЦ Харис“ и унгарскиот „Виалто Консалтинг“. Консултантите во првата фаза треба да изработат студија за концесинирање и целосна студија за трамвајски превоз во Скопје. Во втората фаза ќе работат на тендерската документација за концесионирање, ќе се ангажираат на деловна афирмација на проектот во меѓународни рамки, а во завршната фаза ќе се ангажираат  и околу изборот на концесионер, изработката на дооговор за концесионирање, како и за неговото склучување. Од Градот соопштуваат дека проектот за концесионирање лесен шински превоз во Скопје консултантите треба да го завршат една година по потпишувањето на договорот. Нивните услуги ќе го чинат градскиот буџет 200 илјади евра.



Форумска дискусија за овој проект » овде