Како дел од активностите на Европската недела на мобилност 2017, Градот Скопје постави 10 паркиралишта за велосипеди коишто се монтирани на две локации во центарот на градот – пред Судската палата и кај крстосницата меѓу улиците Македонија и Даме Груев. На двете локации се поставени по пет паркиралишта за велосипеди кои се изработени од метална конструкција, со профили, и означени со грбот на Град Скопје.
*Извор на фотографија: Град Скопје
Од Град Скопје информираат дека овој проект се реализира во соработка со невладините организации „Македонски зелен центар“ и „Прв до врв“.