Претходна статија
Пуштен во употреба новиот водоснабдителен систем во Тетово
Следна статија
„ОДВ-Електрик“ отвори фабрика во ТИРЗ Струга

Бројот на патници во авиосообраќајот годинава зголемен за 10,5%

Објавено на 15.09.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Двата македонски аеродрома во првите осум месеци од годинава опслужиле вкупно 1.339.065 патници, што претставува зголемување од 10,5% во споредба со идентичниот период лани. Министерството за транспорт и врски денеска информираше дека на скопскиот аеродром „Александар Велики“ биле регистрирани 1.223.630 патници, односно е постигнат раст од 10,4% во однос на периодот јануари – август 2016 година. Од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ биле превезени 115.435 патници, што е за 11,6% повеќе во споредба со првите осум месеци од 2016 година.

 

 

Патниците од двата аеродрома во периодот јануари – август 2017 година најмногу патувале кон дестинацијата Истанбул, која генерирала 12,5% од вкупниот број превезени патници. По неа следуваат Цирих (9%), Виена (6,6%) и Базел (5,1%).