Во Општина Илинден денеска започна изградбата на нов станбено – деловен комплекс на инвеститорот „Унија клуб“. Станува збор за три станбени згради со приземје, пет ката и поткровје, со вкупно 170 станови, како и трговски центар на три нивоа, со површина од 1.900 метри квадратни. Вкупната инвестиција изнесува 7,5 милиони евра.
*Извор на фотографија: Општина Илинден
Општинските власти се задоволни од најавите за зголемување на бројот на жители на нивната територија. Новиот станбено – деловен комплекс е еден од првите проекти за инвестирање во колективни згради во Општина Илинден. Од локалната самоуправа напоменуваат дека се насочени кон натамошно урбанизирање на просторот и создавање на услови за колективно и индивидуално домување.