Градот Скопје деновиве врши реконструкција на пешачко – велосипедската патека на булеварот Кочо Рацин, на потегот од крстосницата со улицата Мирче Ацев до крстосницата со булеварот Кузман Јосифовски Питу. „На оваа патека ќе се отстрани постојниот стар и оштетен асфалт, ќе се вгради тампонски слој, ќе се заменуваат и спуштаат рабниците, ќе се санираат и нивелираат шахтите и сливниците, а потоа ќе се нанесе нов асфалтен слој, на должина од 700 метри“ информираат од Град Скопје.
*Извор на фотографија: Град Скопје
Градежните работи ги изведува Ј.П. „Улици и патишта“. Од градскиот буџет за овој проект се издвоени 3 милиони денари, a rокот за изведба е еден месец.