Претходна статија
Странски инвеститор го презема „Кожуф“
Следна статија
Пет конзорциуми остануваат во трка за македонските автопатишта

Доби купувач и втората парцела за хотел под „Кале“

Објавено на 16.11.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Извадок од ДУП Централно зеленило покрај Вардар – Парк 2Државно градежно земјиште во општина Центар со површина од 8.745 метри квадратни беше продадено на вчерашното јавно наддавање во Министерството за транспорт и врски. До Министерството пристигнале 9 пријави за учество, а најповолен понудувач е физичкото лице Марјан Јованов од Скопје, кој за парцелата ќе треба да исплати вкупно 21.862.500 денари, односно 2.500 денари по метар квадратен. Најповолниот понудувач е должен да ги улати средствата во рок од 15 дена од приемот на писменото известување на Комисијата. Парцелата е опфатена со Деталниот урбанистички план „Централно зеленило покрај Вардар – Парк 2“ и се наоѓа на левиот брег на Вардар, непосредно под американската амбасада. За конкретната локација планот предвидува изградба на хотел со приземје и три ката и висина од 14,5 метри до венец. Максималната површина за градење е 3.615 метри квадратни.


Минатата недела беше продадена соседната парцела која исто така е наменета за хотел. Покрај ова ДУП-от во тој реон предвидува уште три хотели, спортски центар и катна гаража.