Претходна статија
Општина Центар ќе гради монтажен паркинг во населбата Дебар Маало
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Забрзано се гради новото основно училиште во Капиштец

Цената на становите во Скопје непрекинато опаѓа пет квартали по ред

Објавено на 23.08.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Ново намалување на цената на становите во главниот град. Народната банка (НБРМ) во Кварталниот извештај за периодот април – јуни 2017 година пресметала намалување од 3,9% кај индексот на цените на становите на годишна основа. Од централната банка сметаат дека ваквиот тренд е во согласност со надолното приспособување на цените на становите низ целата земја. Од друга страна, од НБРМ не испуштаат да споменат дека вредноста на овој вид недвижности во Скопје се намалува веќе пет квартали по ред, без никакви најави за сопирање на негативниот тренд.

Во Кварталниот извештај се наведува можноста за стабилизирање на растот кај понудата на станови. „Наспроти двоцифрените стапки на раст во изминатите две години, во првиот квартал од годината е регистриран мал раст на изградбата на станбени згради, а забавување на годишната динамика на раст се забележува и кај издадени одобренија за изградба на станбени згради“ наведуваат од Народната банка. На страната на побарувачката на станови не се забележани позначајни промени, така што и во вториот квартал од 2017 година продолжил солидниот раст на станбените кредити.

 

Хедоничкиот индекс на цените на становите во Скопје се изготвува од страна на НБРМ врз основа на огласите за продажба на овој вид недвижности во главниот град, а кои се објавени од агенциите што се занимаваат со промет на недвижности.

 

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk