Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска изврши увид во градежните работи за реконструкција на фасадата и на фискултурната сала на СУГС „Михајло Пупин“. Градските власти во текот на летните месеци изведуваат градежни работи за реконструкција на 13 средни училишта, меѓу кои е и „Михајло Пупин“. Годинава за овој проект се издвоени 25,5 милиони денари. Во средното училиште „Михајло Пупин“ се врши реконструкција на дел од северната фасада на објектот и на училишната фискултурна сала.
*Извор на фотографија: Град Скопје
Со зафатите е предвидена замена на покривот во СУГС „Зеф Љуш Марку“, замена на подовите во лабораторија на СУГС „Марија Кири Склодовска“, санација на подовите и санитарните јазли во СУГС „Боро Петрушевски“, промена на внатрешните врати во СУГС „Браќа Миладиновци“, промена на прозорците во СУГС „Цветан Димов“, санација на фасадата во СУГС „Здравко Цветковски“, обнова на дворната површина во СУГС „Георги Димитров“, санација на подовите во СУГС „Лазар Танев“, обнова на покривот, дворната површина и подовите во СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, санација на столаријата и тоалетите во СУГС „Васил Антевски Дрен“, санација на фасадата во СУГС „Арсение Јовков“ и промена на столаријата во СУГС „Јосип Броз Тито“.