По речиси четири децении од неговото пуштање во употреба, матичниот објект на градинката „Корчагин“ во центарот на Скопје е реконструиран. Заменети се 102 прозорци на објектот лоциран зад Градската болница, а променети се и вратите во градинката. Од Општина Центар посочуваат дека со реконструкцијата на објектот е намалена потрошувачката на електрична енергија од 121,95 Kwh на метар квадратен годишно на само 60 Kwh, со што се спроведени мерките за енергетска ефикасност.
*Извор на фотографија: Општина Центар
Половина од средствата за реконструкција на објектот ги обезбеди Општина Центар, додека другата половина е од Фондацијата Отворено Општество Македонија. Проектот е реализиран преку граѓанскиот форум организиран од општинските власти и Форумот на заедницата, при што проектот беше избран за реализација од граѓаните и од невладините организации.