Претходна статија
Наводната изградба на објекти за бегалци предмет за препукување на опозицијата и власта
Следна статија
Во Кавадарци наскоро ќе стартува зонското паркирање

Уште пет фасади на станбени згради ќе се реконструираат во Карпош

Објавено на 09.08.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Скопската општина Карпош денеска  објави тендер за избор на компанија што ќе ги реконструира фасадите на пет станбени објекти лоцирани на нејзината територија. Од локалниот буџет за оваа намена е проценето дека ќе се издвојат околу 18 милиони денари. Одбраните објекти со претстојниот зафат ќе добијат енергетско ефикасни фасади, со што ќе им се намалат сметките за греење на станарите. Воедно, со новите фасади ќе се освежи надворешниот изглед на овие згради подигнати од пред неколку децении. Градежните компании имаат рок да ги достават своите понуди најдоцна до 29 август, по што ќе се избере најповолниот изведувач.

 

 

Локалната самоуправа во Карпош во изминативе четири години има изведено енергетско ефикасни фасади на над 50 станбени објекти од овој дел на Скопје. Оваа скопска општина е првата што започна еден ваков проект пред повеќе од шест години.