Денеска премиерот свечено ги отвори новите четири тениски игралишта во општина Аеродром, први од проектот на Владата за изградба на 100 тениски терени што го реализира Агенцијата за млади и спорт. Игралиштата се наоѓаат непосредно до салата „МЗТ“ и меѓудругото се опремени со современа акрилна подлога за заштита од лизгање, жичана ограда со висина од 3,4 метри и рефлектори високи по 12 метри.
Вчера, пак, Во Росоман и Градско беа пуштени во употреба фудбалски игралишта, кои се дел од проектот на Владата и Агенцијата за млади и спорт за изградба на 50 фудбалски терени ширум државата. Тие се со стандардни димензии и имаат монтажни трибини со капацитет за 500 гледачи, соблекувални, системи за дренажа и осветлување. Исто така во подготовка е изградба на нови училишни сали во ОУ „Пере Тошев“ во Росоман и во ОУ „Даме Груев“ во Градско, а во Градско се планира и изградба на мултифункционално игралиште.