Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и постојаниот претставник за развој на Обединетите нации Луиза Винтон денеска ја посетија опожарената градинка „8 Април“ во скопската општина Шуто Оризари, при што најавија дека за 18 месеци општината ќе добие нова детска градинка. Финансиските средства за клучните инфраструктурни интервенции во висина од 700.000 долари се целосно обезбедени од Министерството за надворешни работи на Норвешка. Проектот ќе биде реализиран од УНДП. Со реализација на проектот во градинката ќе се обезбеди сместување на 140 деца од оваа скопска општина.
* Извор на фотографија: Министерство за труд и социјална политика
„Дополнително со реконструкцијата е предвиден и простор за опфат на деца во јасли или за дечиња од 9 до 24 месеци, со што и дневниот центар за деца на улица кој што претходно постоеше во претходната градинка исто така ќе биде оспособен со посебен влез“ изјави министерката Мила Царовска. Старата опожарена градинка со претстојниот зафат ќе добие нов лик, кој опфаќа оформување на простор со површина од 1.500 метри квадратни. Со новиот простор ќе се зголеми и капацитетот за згрижување на дополнителни 50 деца.