Претходна статија
Започна изградбата на пречистителна станица за отпадни води во Кочани
Следна статија
Пазарот на недвижности доживеал стрмоглав пад во вториот квартал од 2017 година

Нови велосипедски патеки долж булеварот „Св. Климент Охридски“

Објавено на 11.07.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градот Скопје во рамките на реализацијата на проектот за нова велосипедска инфраструктура „Скопје Велоград 2017“, изминатиов период работи на новите велосипедски патеки по должината на булеварот „Св. Климент Охридски“. Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска изврши увид во градежните работи. „За првпат во Скопје и Република Македонија, дел од велосипедската патека ќе биде на самиот коловоз, поточно се одзема дел од просторот за автомобили и истиот ќе биде пренаменет за велосипеди. Ова се реализира на дел од булеварот „Св. Климент Охридски“, поточно на потегот од крстосницата со улица „Димитрија Чуповски“ и булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до крстосницата со булевар „Илинден“ кај објектот на Владата“ изјави Трајановски.

 

* Извор на фотографија: Град Скопје

 

Последната коловозна лента на овој потег е обележана со посебна лента, а поставени се и катадиоптри. За дополнително физичко оградување на просторот за велосипедисти, градските власти монтираат и специјални гумени заштитни столбчиња. Работите на терен ги изведува фирмата „Урбан Дизајн“, а Градот Скопје за овој проект издвои 2,7 милиони денари.