Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска го пушти во употреба новиот парк во населбата Козле. Уредениот простор со површина од 10.000 метри квадратни се наоѓа спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“. Овој проект е реализиран во соработка со Град Скопје, кој учествуваше со хортикултурно уредување на дел од паркот со површина од 6.000 метри квадратни. Општина Карпош го уреди преостанатиот дел од зеленилото, а изведени се и фонтана, детско игралиште и пешачки патеки. Реализацијата на проектот започна на почетокот од јуни 2016 година.
* Извор на фотографија: Општина Карпош
„Вредноста на овој парк е 38,5 милиони денари, а изведувач на паркот е фирмата „Лутарико“ од Скопје. Практично со завршувањето на овој парк, по изградбата на парковите Македонија 1 и Македонија 2, и реконструкцијата на фасадите на зградите по должината на булевар Теодосиј Гологанов, граѓаните на овој дел од Карпош добија модерна урбана целина за живеење“рече градоначалникот Јакимовски.