Општина Кочани продава градежно земјиште за изградба на нови објекти за индивидуално домување, викенд-куќи и индустриски објекти. Станува збор за по шест парцели за нови куќи на различни локации во градот и во зимско-рекреативниот центар „Пониква“ и три локации за изградба на објекти од лесната и незагадувачка индустрија во месноста „Драчевиќ“. Предвидените 15 локации за градење се продаваат по почетна цена од 61 денари за метар квадратен.
Рокот за пријавување учесници на електронското јавно наддавање е до 23 јули, а лицитацијата ќе се одржи на 25 јули. Инвеститорите ќе имаат временски период од девет месеци за да ја обезбедат неопходната градежна дозвола од општина Кочани, чие издавање ќе следува по солемнизацијата на купопродажниот договор.