Општина Штип распиша оглас за продажба на 13 градежни парцели на различни локации во градот. Осум локации за градење се наменети за изградба на станбени згради во населбите Сењак 4 и Пребег, при што нивната почетна цена е 1.635 денари за метар квадратен. Две од огласените парцели се наменети за деловни објекти, кои се отуѓуваат по цена од 2.300 денари за метар квадратен. Општинските власти продаваат две локации за изградба на лесна и незагадувачка индустрија и земјиште за бензинска станица.
Заинтересираните субјекти имаат можност да достават пријави за учество на електронското јавно наддавање најдоцна до 8 август. Лицитацијата е планирано да се одржи на 10 август. Ова е прв оглас за продажба на градежно земјиште од страна на Општина Штип во текот на 2017 година.